Wendy – виртуелен асистент што препознава емоции

31

Wendy е виртуелен асистент на банката Westpac, којашто може да ги препознае и да одговори на емоциите на клиентите, со коишто комуницира преку веб камера, пишува Finextra.

Доколку клиентот ѝ се насмевне на Wendy, таа ќе му врати со насмевка, а ако изгледа збунето, тогаш и таа ја прави истата гримаса. Ако соговорникот ја менува положбата, таа со очите го следи и му одговара на прашањата.

За разлика од виртуелниот помош на банката, под името Red, кој им помага на клиентите во основните банкарски задачи, Wendy има задача да стане digital job coach за млади клиенти од Австралија.

Фото: Pixabay