Wetsleeve – резервоар за вода што се носи на рака

20

voda-jpg

Фото:Kickstarter

Wetsleeve е резервоар за вода што корисникот може да го закачи на раката и да се фокусира на извршување на атлетските активности. Оваа “торбичка“ овозможува рацете на корисникот да бидат слободни бидејќи нема потреба да носи шише со вода во рацете.

Wetsleeve е лесен и удобен за носење и погоден за лица што џогираат, велосипедисти, пешаци… Торбичката може собере 350 милилитри вода или друг пијалак, се обвиткува околу раката, а корисникот само треба да ја крене раката и да се напие од резервоарот.

Достапна е во три големини (мала, средна и голема), а материјалот од којашто е изработена овозможува кожата на корисникот да “дише“ и може да се чува во фрижидер. На неа исто така има и џебови каде може да се сместат клучеви или лични документи.

Поставена е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде има собрано 158.723 долари, од потребните 25.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште два дена.