What if – виртуелен трезор на важни и чувствителни информации

38

loginscreen

Фото: What if app

Дарко Црнчевиќ и Марин Шкуфца од Хрватска осмислија апликација којашто претставува виртуелен трезор на најважните, најдрагите и најчувствителните информации што се важни на блиските на корисникот, пишува Пословни дневник.

“Идејата ја добив на патување пред четири години кога имав турбулентен лет. Почнав да размислувам што ќе се случи доколку се сруши авионот и како мојата сопруга би била изгубена, бидејќи има многу битни работи што само јас ги извршувам и контролирам. Тргнав од себе и од моето темпо на живот. Многу малку време останува да поделиме важни информации со блиските луѓе. Информации како што се: банкарски сметки, позајмени пари, инвестиции, но и некои емотивни и убави пораки и слики“, вели Шкуфца.

Апликацијата, што го носи името What if, во овој момент е направена само за мобилни уреди со iOS оперативен систем, а Android верзијата се очекува до крајот на годината.

Секоја информација корисникот може да ја сподели со една или повеќе личности, а за секој корисник се додава мејл и алтернативен мејл.

Дизајнерите на оваа апликација сакаат нејзините корисници да покажат грижа за своите блиски, а тоа да го направат на едноставен и сигурен начин.