WhatsApp има две милијарди корисници

22

Апликацијата WhatsApp има две милијарди корисници, додека на крајот на 2017-та година оваа апликација ја користеа 1,5 милијарди луѓе, покажуваат податоците.

WhatsApp е лансирана во 2009 година, а од 2014-та е во сопственост на Facebook.

Апликацијата користи технологија на шифрирање на разговорите, што овозможува целата содржина на разговорите да биде безбеден. Оттаму уверуваат дека ниту самите не можат да ги читаат пораките или да ги слушаат разговорите меѓу корисниците.

Фото: Pexels