Wheel the World: Старт – ап што организира тури за луѓе во инвалидска количка

39

Старт – ап од Чиле нуди тури до познати светски дестинации и знаменитости за луѓе во инвалидска количка.

Зад идејата и реализацијата стои група пријатели од Универзитетот Berkeley во Калифорнија, којашто претходно помогнала да се креира специјална количка за нивен заеднички пријател кој за жал останал инвалид, пишува Reuters.

Wheel the World постои од минатата година, а моментално брои тим од седуммина кои досега организирале патувања за повеќе од 900 луѓе. Аранжманите вклучуваат посета на природни убавини, разни спортски активности за коишто организаторите велат дека “со малку повеќе труд секој може да ужива“.

Стартапот засега нуди 16 дестинации во Чиле и четири други земји на својата онлајн платформа. Нивниот план е, до 2020 година, таа бројка да се зголеми на 150.

Фото: Wheel the World