White Water – апликација што лесно и евтино ќе покажува дали водата е исправна

49

voda-i-sise-pixabay

Фото: Pixabay

Шерон Лин е 18-годишна студентка на Технолошкиот институт во Масачусетс и креаторка на апликација којашто на лесен и евтин начин ќе открива дали водата е контаминирана од бактерии или е безбедна за пиење.

Таа сè уште работи на развој на апликацијата, односно на создавање база на примероци од вода. Она по што White Water ќе се издвојува од сите останати апликации е тоа што и луѓе без посебно научно предзнаење ќе можат да тестираат примероци од вода, пишува Business Insider.

Лин со нејзината иновација победи на годишниот старт – ап натпревар Built by girls и освои парична награда од 10.000 долари.