Фото: Facebook
Шведската компанија Plantagon конструира градби што се истовремено урбани фарми и облакодери, пишува Inhabitat.
Овие вертикални стакленици би можеле да обезбедат големи количини органска храна со многу помалку енергија и загадување од индустриското земјоделие. Градбата е наречена World Food Building и моментално има своја кампања каде што секој може да се приклучи. Целта на компанијата е решавање на проблемот со глад на глобално ниво.
Зданието е 60-метарска вертикална фарма заедно со деловен простор распореден на 16 катови. Доколку градбата стане реалност, Шведска ќе служи како пример за други земји, односно за вертикалниот начин на урбано земјоделие. Иновативниот облакодер со помош на патентираната технологија на Plantagon ќе произведува 500 метрички тони органска храна годишно, во затворена, чиста и климатски контролирана средина.
Најмалку половина од енергијата користена за производството ќе биде генерирана и искористена за затоплување во зградата. Според Plantagon, World Food Building би можела за елиминира 1.000 метрички тони јаглеродни емисии и да зачува 50 милиони литри вода споредено со традиционалните начини на индустриско земјоделие.