WUWR: Во Македонија живеат 35 мултимилионери

20

li-620-eurosСпоред бројот на многу богати луѓе во анализата што ја изработи World Ultra Wealth Report (WUWR), Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде при дното на европската листа, односно од вкупно 45 европски држави, на 42-то место.

Мултимилионери, според критериумите на WUWR се лица кои располагаат со најмалку 30 милиони долари.

Најмногу мултимилионери во Европа има во Германија, каде што се евидентирани 15.770, по што следи Велика Британија со 10.515 и Швајцарија со 5.595 милтимилионери.

Грција се наоѓа на 20-место на европската листа со 455 мултимилионери, додека Хрватска е лидер во регионот на поранешна Југославија со 260 многу богати лица, што ја стави на 23-место во Европа.

Србија е 29-та со 90 мултимилионер, а едно место подолу е Босна и Херцеговина со 85. Словенија е на 34 место со 70, Албанија е 37-ма со 55, а Бугарија е на 40 место со 45 мултимилионери.

Зад Македонија од регионот единствено е Црна Гора, која има 21 мултимилионер.