X – bike: Електричен велосипед од Романија што чини над 1.400 евра

19

32c1261d56f620ebebaa9ad006732620

Фото: Evolio

Романската компанија Televoice Grup, што го поседува брендот Evolio, го претставува електричниот велосипед X – Bike, што ќе може автономно да се движи меѓу 40 и 100 километри, а ќе чини над 1.400 евра, пишува Romania Insider.

Електричните велосипеди Evolio ќе ги понуди во три варијанти: класичен, електричен и хибриден.

Велосипедите, доколку се возат на планина, во режим на автономно возење ќе достигнат брзина од 40 километри на час, додека во урбани средини максималната брзина ќе биде 25 километри на час. Полнењето на велосипедот ќе трае од два до три часа.

Во портфолиото на компанијата Televoice Grup има најразлични производи, како што се: производи за фиксна и мобилна телефонија, дронови, паметни часовници, ГПС и други видови на технолошки додатоци.