Xkuty – хибриден велосипед што се управува преку iPhone

39

xkuty

Движењето низ сообраќајниот метеж станува вистинска уметност, па постојано се изнаоѓаат начини за алтернативно пристигнување до посакуваната дестинација. Притоа се води грижа и за безбедноста, лесното паркирање и заштита на животната средина.

Xkuty претставува одговор на сите овие барања на модерниот и динамичен начин на живот. За овој електричен велосипед не се потребни педали. Неговиот дизајн е резултат на долготрајните настојувања на екпертите да ја пронајдат најудобната позиција за возачот, а во исто време да биде и ефикасен и економичен.

polnenje baterija xkuty

Овој хибриден модел се полни со соларна енергија, а се управува преку посебна апликација за iPhone. Апликацијата на корисникот му ги нуди сите информации потребни за движење на велосипедот. Во случај на несреќа, Xkuty ќе ги заврти телефонските броеви, што се претходно внесени, а автоматскиот состав на ГПС ќе испрати информација за локација на возилото.

Во кацигата има вградено Bluetooth, што овозможува поврзување со iPhone и hands – free разговори, односно слушање музика.

kaciga xkuty

Вкупната тежина на возилото се движи од 42 до 46 килограми, во зависност од конфигурацијата. За негово полнење доволни се само три часа за да може да се наполни неговата батерија, а зависно од видот на батеријата, со едно полнење може да се поминат и до 100 километри.