Yabul Cook – уред што готви без гас и струја

61

p

Фото: Youtube

Yabul Cook е уред изработен од силикон на којшто не му се потребни струја или гас за да зготви јадење. Освен тоа, Yabul е многу лесен и компактен за транспорт и откако ќе се свитка може да го собере во ранец или чанта.

Тој работи на принцип на водена пареа, а доаѓа заедно со грејачи коишто се ставаат во неговата внатрешност. Силиконскиот сад има и капаче на горниот дел што служи за контрола на притисокот додека храната се готви.

Овие хемиски грејачи можат да ја загреат водата до степен на вриење, а за да се зготви едно јадење потребни се само 10 минути. Тие можат да се искористат само еднаш, еден сет од 25 чини 26 долари, додека 50 чинат 45 долари.

Yabul Cook има своја кампања на Kickstarter којашто трае уште осум дена. Досега има собрано 26.296 од потребните 10.000 долари. Од компанијата се надеваат дека ќе започнат со испорака во февруари.