Yahoo го затвора email сервисот во Кина

25

yahoo-mailСервисот за електронска пошта на Yahoo во Кина ќе биде затворен до август годинава, како дел од договорот со нивниот партнер во оваа земја, Alibaba Group. Услугата се гаси на 19 август, а Yahoo им советува на своите корисници да преминат на други провајдери, како Aliyun.

Yahoo постепено се повлекува од кинескиот пазар од 2005 година, кога сите свои услуги и ги препушти на компанијата Alibaba. Како дел од договорот, Yahoo плати една милијарда долари за 40% акции на Alibaba, една од најголемите интернет компании во Кина. Одлуката се покажа како добра, затоа што лани американската компанија заработи 7,6 милијарда долари со продажба на половина од овие акции. Според аналитичарите, вредноста на преостанатиот дел во сопственоста над Alibaba сега вреди околу 14 милијарди долари. Се очекува Alibaba да излезе на берза за две години, со што Yahoo ќе добие можност за поголема заработувачка.

Извршниот директор Мариса Мајер со ваквата стратегија се обидува да ги намали трошоците и да ослободи повеќе инженери кои би работеле на производи за паметни телефони.