YouTube го доби спорот во Европскиот суд на правдата

27

Европскиот суд на правдата соопшти дека YouTube, што е во сопственост на Google, нема одговорност за акциите на корисниците кои поставуваат неавторизирани содржини, а исклучок е случајот кога не можат да преземат брза акција за укинување или блокирање до пристапот на таквите содржини.

“Како што стојат работите во овој момент, операторите на онлајн платформите во принцип сами не ја информираат јавноста за содржините што се заштитени со авторски права, коишто нелегално се објавуваат на тие платформи“, смета Европскиот суд на правдата.

YouTube се најде на обвинителна клупа откако Франк Петерсон, музички продуцент, го тужеше YouTube и Google во Германија поради тоа што корисниците на платформата во 2008-ма година пренеле неколку фонограми на коишто тој има авторски права.

Фото: Pexels