За 10,5% зголемен бројот на патници на аеродромите во Македонија

11

aerodrom-tav-skopje-facebook

Фото: Facebook

Од месец јануари заклучно со месец август 2017 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот Александар Велики во Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, превезени се вкупно 1.339.065 патници што претставува зголемување од 10,5% споредено со истиот период во 2016 година, стои во соопштението.

На аеродромот Александар Велики во Скопје, во периодот од јануари – август 2017 година, регистрирани се вкупно 1.223.630 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1.108.157 патници, се забележува зголемување од 10,4%.

На аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид за периодот јануари – август 2017 година, превезени се 115.435 патници, што во споредба со истиот период од 2016 година кога биле превезени 113.431 патници, се бележи зголемување од 11,6%.

Согласно реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – август се: Истанбул 12,5%, Цирих 9%, Виена 6,6% и Базел 5,1%.