За 15,7% зголемен бројот на патниците на двата аеродрома во Македонија

10

Од аеродромите Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид во периодот јануари – ноември годинава се превезени 1.661.010 патници, што претставува зголемување за 15,7% во однос на истиот период лани, јавува Миа.

На скопскиот аеродром во периодот јануари – ноември годинава се регистрирани 1.524.985 патници или за 13,9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1.338.470 патници.

Преку охридскиот аеродром, пак, во периодот јануари – јуни годинава се превезени 136.025 патници, или за 40,8% во однос на истиот период од 2015 година кога биле превезени 96.585 патници.

Најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7%, Цирих 10,1%, Виена 6,3%, Базел 4,9% проценти, Малме 4,8% и Лондон со 4,3%.

“Рекордниот број превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај“, велат од Министерството за транспорт и врски.