За 16,5% зголемено индустриското производство во мај

20

Индустриското производство во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 16,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 12%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 27,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 27,9%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 34%, Капитални производи за 44%, Трајни производи за широка потрошувачка за 61% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 43,5%.

Индустриското производство во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, е зголемено за 6%.

Фото: Pixabay