За 17,7% намалена вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во мај

17

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во мај 2014 година изнесува 760.096.000 денари, што претставува намалување за 17,7% во споредба со мај 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 13,8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 21,4%.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај следниве производи: жита, градинарски растенија, овошје, алкохолни пијалаци и добиток, додека зголемување се забележува кај: индустриски растенија, живина и јајца, млеко, млечни производи и риба.