За 22% намален извозот на швајцарски часовници

52

Вредноста на извозот на швајцарски часовници во 2020 година е намалена за 22%, а како исклучок од намалената продажба е само кинескиот пазар, објави здружението на производители на швајцарски часовници.

Тие минатата година продале часовници во вредност од 19 милијарди долари. Оваа вредност е слична на продажбата од 2008-ма и 2009-та година, кога светот го зафати глобална финансиска криза.

Продажбата на часовници во Европа и САД лани се намали за 25% и 20%, додека во Кина продажбата се зголеми за 20%.

Кина минатата година стана водечки странски пазар за часовниците произведени во Швајцарија.

Еден од најпознатите брендови, Swatch трајно затвори 384 продавници и го намали бројот на вработени за 10% на 32.400.

Фото: Freepik