За 27,2% намалена вредноста на договорените градежни работи во странство

39

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство од јануари до септември изнесува 2.669.372.000 денари, што е за 27,2% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.955.970.000 денари што е за 8,4% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во: Словенија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.