За 28,6 милиони евра намалени вкупните девизни резерви во март

19

evra-kasicka-i-digitron-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви заклучно со 31-ви март оваа година достигнаа вредност од 2.534.411.000 евра или 28,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец (2.563.030.000 евра), покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Најголем дел од вкупните државни резерви зафаќаат хартии од вредност, чие салдо на крајот на март оваа година беше 1.816.140.000 евра, што е за 344,8 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, а 84,7 милиони евра повеќе во однос на март 2016 година.

Вкупните валути и депозити во март оваа година изнесуваа 457.820.000 евра, т.е. 322 милиони евра повеќе во однос на февруари 2017 година и 166 милиони евра повеќе во споредба со март минатата година.

Државното монетарно злато заклучно со 31-ви март оваа година имаше вредност од 255.770.000 евра, што е 5,7 милиони евра помалку одошто во февруари (261.520.000 евра), а 1,7 милиони евра повеќе за разлика од вредноста на монетарното злато во март лани.