За 40.8% намалено количеството на превезената стока во железничкиот превоз

64

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото  тримесечје од 2023 година,  во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 899 илјади, во градско-приградскиот превоз 12 097 илјади, во железничкиот превоз 102 илјади, додека бројот на превезените патници во  воздухопловниот превоз изнесува 493 096.

Во првото  тримесечје од 2023 година, во споредба со првото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 14.4%, во железничкиот превоз е намалено за 40.8%, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 8.1%.