За 44.2 % зголемена вредноста на договорените градежни работи во странство

57

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − јуни 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 198 286 илјади денари, што е за 44.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 89 310 илјади денари, што е за 25.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Вредносните податоци за периодот јануари − јуни 2023/2022 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 57,6535 денари.

Фото: Pixabay