За 57% намален откупот и продажбата на земјоделски производи во ноември

12

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во ноември оваа година изнесува 704.527.000 денари, што е намалување од 57% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 75,9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 3,9%.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај индустриските, фуражните растенија, овошјето, грозјето, живината и јајцата, млекото и рибата, а зголемување е забележано кај житата, зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот и млечните производи.