За четири месеци произведени 120 милиони киловат часови струја во Шпилје

22

Од почетокот на годинава во ХЕЦ Шпилје кај Дебар, произведени се околу 120 милиони киловатчасови електрична енергија, што е за десет отсто повеќе споредено со истиот период лани, пишува Миа.

Според надлежните, оствареното производство претставува 40 отсто од вкупниот план за 2015 година, кое согласно со енергетскиот биланс е над 300 милиони киловатчасови.

“Тоа е резултат на поволната  хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, како и навременото и успешно реализиреање на планираните ремонти и ревизии на електормашинската опрема. Средниот дотек на вода во акумулацијата Дебарско Езеро моментално изнесува над 100 кубни метри вода во секунда. Во акумулацијата има резерва на вода за производство на 15 милиони киловатчасови електрична енергија, потврдуваат од овој електроенергетски објект.

ХЕЦ Шпилје која работи според потребите на енергетскиот систем во последните пет години во просек произведувала по над 250 милиони киловат часови елекрична енергија.