За девет месеци Аутомакедонија евидентираше добивка од 19,5 милиони денари

12

automakedonija

Аутомакедонија, од почетокот на годината до крајот на септември, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 19.527.000 денари, покажува поединечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2016 година, компанијата оствари добивка од 24.698.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, беа на ниво од 279.238.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 266.408.000 денари.

Основна дејност на компанијата е трговија на мало со делови и прибор за моторни возила.