Фабрика Карпош од почетокот на годината до крајот на септември оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 54.305.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Од јануари до септември лани, компанијата прикажа добивка од 28.337.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та година достигнаа 507.831.000 денари, додека една година претходно салдото беше 149.617.000 денари.
Фабрика Карпош е компанија за проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи.