За девет месеци Јака 80 од Радовиш прикажа 16,3 милиони денари добивка

56

jaka-80-radovis

Јака 80 Радовиш во текот на деветте месеци од оваа година оствари 16.332.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани компанијата прикажа загуба во висина од 24.017.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та година изнесуваат 72.290.000 денари. На домашен пазар се реализирани 36.634.000 денари, додека реализацијата на пазари во странство достигна 35.656.000 денари.

Основна дејност на Јака 80 е производство на фармацевтски производи.