За девет месеци Окта прокнижи добивка од 134 милиони денари

56

okta

Нафтената компанија Окта во првите девет месеци од оваа година прикажа добивка од 134.410.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 30-ти септември 2014 година, Окта работеше со загуба од 361.991.000 денари.

“Окта оствари позитивни резултати, пред сé, поради зголемениот пазарен удел и покрај нестабилното окружување во балканскиот регион и надолните трендови на глобалниот пазар на нафта, коишто доведоа до намалување на меѓународните маржи. Компанијата три последователни квартали оствари пораст на оперативниот профит, најмногу поради дополнително зголемениот обем на продажба на домашниот, како и на странскиот пазар, како и поради ниските оперативни трошоци“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба достигнаа 14.796.824.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 12.203.904.000 денари, додека 2.592.919.000 денари се остварени на странски пазари.

“Целта на менаџментот останува да ја зацврстува позицијата на Окта, дополнително да ги зајакне бенефитите на финалните потрошувачи и да придонесе на најразлични начини за добросостојбата на општеството. Окта и понатаму цели кон зголемувањето на пазарниот удел на пазарите на кои тргува“, стои во соопштението.