За еден час пократко работното време на угостителските објекти

27

Работното време на угостителските објекти од 15.02.2016 до 31.05.2016 година се намалува за еден час, информираат од Државниот пазарен инспекторат.

“Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги може да работат од 07:00 до 24:00 часот. Во деновите пет и сабота, како и спроти празнични и празнични денови работното време е до 01:00 часот. Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот, а во деновите петок и сабота, спроти празници и празници до 05:00 часот. Диско клубовите се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови, односно до 06:00 часот во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и во празничните денови“, се вели во соопштението.

Државниот пазарен инспекторат, како што се наведува, согласно своите надлежности ќе ги интензивира инспекциските надзори, посебно во делот за работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти.