За една година цените на угостителските услуги се зголемиле за над пет отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2024 година, во споредба со јули 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци зa 0.3 % и Ноќевања за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.1 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.5 %, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2.6 %.