За ГТЦ минатата година заврши со загуба од 25,8 милиони денари

20

Градски трговски центар минатата 2018-та година ја заврши со загуба во висина од 25.893.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата евидентираше загуба од 33.936.000 денари.

“Во 12-месечното работење во 2018 година, Друштвото оствари вкупни приходи од 210.078.000 денари, кои се поголеми за 13%, во однос на претходната 2017 година. Вкупните трошоци изнесуваат 235.971.000 денари, кои се за 1% помали во однос на претходната 2017 година. Остварен е негативен финансиски резултат во бруто износ од 25.893.000 денари, којшто потекнува од судски решенија од минати години“, стои во Образложението на финансискиот резултат објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, изнесуваат 201.301.000 денари, додека истиот период претходната година беа 193.328.000 денари.