За килограм јаболка би требало да плати 6,4 милиони долари

60

Има една работа што првиот човек на Tesla, Илон Маск никогаш не му паѓа на памет, а тоа е да не ги споредува цените на јаболката во супермаркет. Нема потреба за такво нешто бидејќи има богатство од скоро 200 милијарди долари.

Замислете, пишува Bloomberg, ако Маск мора да плаќа за одредени работи пропорционално на богатството што го има. Тој има 1,6 милиони пати повеќе од просечно американско семејство, чие богатство во просек е 121.700 долари во 2019 година. Па така, сето она што за обичните луѓе чини еден долар, за Маск би требало да чини 1,6 милиони долари.

Па така, ако килограм јаболка чинат околу четири долари, тогаш Маск кога би дошол на каса, од паричникот би требало да одвои 6,4 милиони долари, а за едно поголемо авокадо би платил 2,4 милиони долари, додека за органски јагоди би платил 11 милиони долари.

Фото: Freepik