За колкава плата жените во Македонија би прифатиле работа?

58

Над 34% од жените во Македонија би прифатиле работа доколку платата е од 16.000 до 20.000 денари, додека само 0,3% би ја прифатиле понудата за вработување ако месечната плата надминува 40.000 денари.

Во руралните средини, 22,4% од вработените жени се неплатени семејни работници. Во урбаните средини, од вкупниот број на жени, 3,6% се работодавачи.

Во однос на возраст на вработените жени, најголем дел или 47.890 се на возраст од 35 до 39 години. Потоа следуваат вработените жени на возраст од 40 до 44 години45.733, додека на возраст од 30 до 34 години има 44.162 жени.

Главен извор на средства за живот кај 81% од невработените и неактивните жени е платата и пензијата на членови од домаќинството.

Во 2018-та година, од вкупниот број на ученици и студенти, жени се 50,6%. Истата година со факултетска диплома се стекнале 4.531 жена. Стапката на вработени жени во 2018-та година во земјава изнесува 39,5%, кај невработените е 37,5%, додека 51% од пензионираните лица биле жени.

Во поглед на просечната возраст на жената при склучување на првиот брак, во нашата земја во 2018-та година, била 26,9 година. Статистиката покажува дека просечната возраст на жената при првото раѓање е 27,3 години.

Податоците се од Државниот завод за статистика по повод осми март, Меѓународниот ден на жената.

Фото: Pixabay