Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 15,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 14,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 22%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 24%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,7%, Капитални производи за 22,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 41,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2%.
Индустриското производство во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период лани, е намалено за 14,6%.
Фото: Freepik