За над 227% се зголеми прометот на берзата во јуни

22

Прометот на Македонска берза во јуни достигна вредност од 1.549.452.344 денари, што е скок од 227,67% во споредба со претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Пазарната капитализација во јуни беше 201.760.230.414 денари или 0,78% помалку во однос на еден месец претходно.

Пад од 7,35% има кај вкупниот број на трансакции, којшто во јуни беше 1.411. Индексот МБИ 10 во јуни се позиционираше на 5.281,14 поени или 0,06% повеќе во однос на мај.

Во структурата на прометот најголем дел зафаќаат трансакциите на официјалниот пазар (1.359), по што следат трансакциите на редовниот пазар (31) и блок трансакциите (21).

Фото: Facebook