За над 300% зголемена продажбата на електрични апарати за домаќинство

22

Продажбата на електрични апарати за домаќинство во Турција минатата година достигна рекордно ниво, а тоа се должи на фактот што луѓето останаа дома поради пандемијата.

Регистриран е скок од над 300% на продажба на електрични апарати за домаќинство, како што се електрични апарати за правење леб, фенови, сетови за бричење, ваги…, пренесуваат турските медиуми.

Меѓу најпопуларните беа апаратите за лична нега и малите кујнски апарати.

Во исто време, овие апарати за домаќинство се извезуваа и на странски пазари, па од таквата продажба Турција инкасираше 831 милион долари во 2020 година.

Фото: Pexels