За над 415% зголемена вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првиот квартал

43

Фото: Pixabay

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – март оваа година, изнесува 4.001.194.000 денари, што е за 415,3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 48.065.000 денари, што е за 81,4 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршување на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија.