За над 54% зголемен бројот на издадени одобренија за градење во март

45

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2021 година се издадени 338 одобренија за градење, што е за 54,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.216.352.000 денари, што е за 91,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 214 (63,3%) се наменети за објекти од високоградба, 41 (12,1%) за објекти од нискоградба и 83 (24,6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 338 објекти, на 220 (65,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (34,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 488 станови, со вкупна корисна површина од 47.831 метри квадратни.

Фото: Pexels