За над 55% падна прометот на берзата оваа недела

38

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 21-ви до 25-ти овој месец, достигна ниво од 1.044.871 евра, што е за 55,92% помалку во споредба со претходната недела, покажува Неделниот преглед на берзата.

Пад од 62,12% има кај вкупниот број на трансакции (272).

Пазарната капитализација минатата трговска недела се позиционираше на 3.332.225.627 евра, што е 0,52% помалку во споредба со една недела претходно. На последниот трговски ден, односно на 25-ти септември, пазарната капитализација беше 1.852.277.972 евра или 6,35% повеќе во однос на истиот период минатиот месец.

Вредноста на индексот МБИ 10 беше 4.462,97 поени или 0,72% помалку во однос на една недела претходно.

Најтргувани акции минатата недела беа оние на: Макпетрол, Комерцијална Банка, Гранит, Алкалоид и Уни Банка.