За некои нови бизниси пандемијата е шанса за голем успех

26

Иако поради пандемијата многу компании се соочуваат со потешкотии, а некои и сериозно размислуваат да се откажат, има и такви коишто се прилагодија на новите услови и создаваат производи за коишто постои интерес.

Таков е стартапот Covid-19 Essentials, којшто претставува специјализирана продавница за сите потребни производи во услови на пандемија. За кратко време се отворени осум такви специјализирани продавници низ трговските центри во САД, пишува CNN.

Компанијата нуди персонализирани и модерни заштитни маски за лице, изработени од памук и свила. Оние кои можат да одвојат 129 долари, ќе можат да добијат “електрична маска“ којашто му го лани лицето на оној кој ја носи.

“Сè беше затворено во март и април. Луѓето продаваа медицински маски што не беа удобни. Си помислив дека штом луѓето мора да носат маски, зошто тие да не им бидат пријатни и модерни“, вели Надав Бениметцки, коосновач на овој старт – ап.

Се проценува дека пазарот на заштитни маски за лице следната година ќе достигне продажба од милијарда долари.

Фото: Freepik