За околу 60.000 работници помош од 1,9 милијарди денари за плати за февруари и март

32

Првата мерка од Петтиот пакет економски мерки е финансиска поддршка на плати за вработените во вредност од една милијарда и 920 милиони денари за февруари и март 2021 година, со опфат од околу 60.000 работници месечно.

Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, за да се поддржат работните места во домашните компании, во зависност од падот на приходите на компанијата.

“Продолжуваме да го стимулираме развојот на компаниите. Имаме сериозни и чесни компании кои инвестираат, вработуваат, придонесуваат и ја ценат сопствената држава. Но, имаше и такви кои ги злоупотребуваа народните пари.Државата секогаш ќе стои на страната на оние кои работат чесно, согласно законот, вложуваат во нови инвестиции и сопствениот развој, во развојот на кадрите и на општеството, а силно ќе се бориме против злоупотреби и против сивата економија“, напиша премиерот Зоран Заев на Facebook.

Фото: Facebook