За пет години биткоинот ќе вреди милион долари

164

Вредноста на биткоинот во следните пет години би можела да достигне вредност од милион долари, смета Раул Пал, поранешен менаџер на хеџ фондот на Goldman Sachs.

Вредноста на биткоинот во последно време порасна за скоро 40% и достигна 11.387 долари, што ја прави највредна дигитална валута.

Некои експерти сега сметаат дека глобалната економија од фаза на “надеж“ преминува во фаза на “несолвентност“, бидејќи инвеститорите сфаќаат дека економското закрепнување од пандемијата ќе потрае малку подолго од очекуваното.

Фото: Pixabay