За поголем економски развој потребна е добра инфраструктура

19

avtopat_vn_2Една од основните пречки за поголем економски развој е немањето соодветна транспортна инфраструктура, патничко и железничко поврзување во регионот и со Европа.

Надминувањето на оваа пречка по принципот на јавно приватно партнерство ќе биде главна тема на конференцијата Конективна Европа – одговор на ЦЕФТА-регонот, што ќе биде одржана во четврток, по иницијатива на Стопанската комора на Македонија.

Како што најави денес Комората на конференцијата ќе бидат присутни високи претставници од Брисел, ЦЕФТА и Светска банка.

“Добрата инфраструктура значително ги намалува трошоците и ја јакне трговската соработка. Освен што поттикнува развој на повеќе економски гранки, генерира и нови работни места”, истакна Љубица Нури од Стопанската комора.

Таа додаде дека и покрај заложбите, последните 10 години регионот во овој сегмент не остварил конкретен напредок. Имено од вкупно 31 изготвен проект, 18 се однесуваат на железницата. За Македонија се посебно значајни врските Скопје – Софија и Софија – Белград.

Од вкупниот извоз на ЦЕФТА, 40% е интра-експорт, меѓу земјите-членки, а 13% е увоз. Согласно определбите, ЦЕФТА договорните страни се обврзани да соработуваат за унапредување на економското интегрирање во ЕУ. Транспортот, енергетиката и информатичката технологија се приоритетни за подобрување на регионалната трговија и работата на странските инвеститори.