За проекти за рурален развој издвоени една милијарда денари

20

За рурален развој во 2014 и 2015 година на општините ќе им бидат доделени една милијарда денари буџетски средства и дополнителни 18 милиони евра од ИПА фондовите, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
Димовски информира дека од оваа година, во рамки на петтогодишната програма за развој на земјоделството и руралните средини, се обезбедени средства и се склучени договори за реализација на 134 проекти во 73 општини.
Вредноста на проектите одобрени за општината Пехчево е 9.146.000 денари.
“Водени од потребата за унапредување на квалитетот на животот во руралните средини, Владата дава посебен приоритет на инвестициите за обновување и изградба на инфраструктурата. Последниве пет години за таа цел беа одвоени 1,2 милијарди денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој”, истакна министерот.