Фото: Pixabay
Компанијата Реплек во првиот квартал од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 22.032.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во првиот квартал од 2018 година, добивката на компанијата изнесуваше 33.671.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – март оваа година, достигнаа вредност од 223.881.000 денари.
Приходите од продажба на странски пазар, според Образложението на билансот на успех, имаат учество од 56% во вкупните приходи од продажба (2018: 62%) и имаат намалување од 9% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 44% во вкупните приходи од продажба (2018: 38%) и имаат зголемување од 18% во однос на истиот период минатата година.