За сертификати за учество во меѓународен патен сообраќај ќе се полага по електронски пат

21

Испитите за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај од денеска ќе се полагаат по електронски пат, јавува Миа.

Според Законот за превоз во патниот сообраќај, полагањето на испитите ќе биде максимално транспарентно. Предвидено е полагањето да се снима и во живо да се емитува на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски.