За шест месеци Прилепска пиварница оствари добивка од 59,3 милиони денари

51

Прилепска пиварница, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 59.342.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, добивката на компанијата беше 50.528.000 денари.

“Врз основа на вредноста на остварениот приход од работењето и остварените вкупни расходи во првото полугодие од 2021 година, компанијата оствари позитивен финансиски резултат од 59.342.000 денари и истиот е за 17% подобар споредбено со остварениот резултат во истиот период од 2020 година“, стои во Образложението кон постигнатиот резултат од работењето.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, достигнаа ниво од 752.925.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 746.979.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 5.946.000 денари.

“Во првото полугодие од 2021 година остварен е вкупен приход во износ од 767.319.000 денари, којшто во споредба со остварениот вкупен приход во истиот период од 2020 година од 741.863.000 денари покажува остварување од 103,43%. Во структурата на приходите најголемо учество имаат оперативните приходи од продажба од 752.925.000 денари и учествуваат со 98,13%, па останатите приходи од 7.123.000 денари кои учествуваат со 0,93% како и финансиските приходи од 7.272.000 денари кои учествуваат со 0,95%“, стои во Образложението.

Фото: Facebook