За шест месеци произведенo кислород колку лани за цела година

20

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот го зголеми производството на кислород, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во период од јануари до септември се произведени 20.243 тони кислород.

Во текот на целата 2019-та година, вкупното производство на кислород беше на ниво од 20.633 тони.

Само во септември оваа година е регистрирано производство на 2.710 тони, додека еден месец претходно производството беше на ниво од 1.889 тони.

Според македонската статистика, од јануари до септември годинава, се произведени 7,3 милиони килограми готови лекови, додека во текот на минатата година производството беше на ниво од нешто над девет милијарди килограми.

Фото: Pixabay