За шест месеци трговски дефицит од над 834 милиони евра

20

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2015 година, изнесува 51.384.813.000 денари, изразен во
долари 928.510.000 долари, односно 834.243.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2015 година, изнесува 120.312.877.000 денари, изразена во долари 2.173.287.000 долари, односно 1.953.215.000 евра. Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2015 година, изнесува 171.697.690.000 денари, изразена во долари 3.101.797.00 долари, односно 2.787.458.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари – јуни 2015 година е 70,1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.