За шест месеци во Турција се отвориле 46.258 нови компании

47

Турција забележа годишен пад од 7,3% по бројот на новоформирани компании во јуни, се вели во извештајот на турскиот Сојуз на комори и стокови берзи, а пренесува Hurriyet Daily News.

Минатиот месец биле основани 5.514 нови компании, во споредба со 5.952 стартапи во јуни 2017 година.

Според извештајот, првите три сектори во кои се најзастапени новоформираните компании се трговија на големо, градежништво и недвижен имот.

Што се однесува до компаниите чие сопственишто е мешовито, според податоците во извештајот, во јуни 2018 година се формирани 888 компании со странски партнери од кои 437 имале и домашен (турски) партнер, 105 имале ирански партнери, а една помалку (104) имале сириски партнери.

Сепак и бројот на затворени претпријатија во јуни 2018 значително се намалил, од 1.016 минатата година, на 686 годинава, што претставува пад од 32,5 %.

Погледнато статистички за период од шест месеци, Турција бележи пораст од 27,4 % по бројот на новоформираните компании, достигнувајќи бројка од 46.258 компании.

Во периодот јануари-јуни, 5.417 компании се затворени, што е намалување за 8,2 % во однос на истиот период лани. Во 2017 година се формирани вкупно 72.871 претпријатија и тоа е 14,4 % повеќе во однос на  2016 година, додека пак, 13.517 компании биле затворени.